|
|
Добредојдовте на презентацијата
на
„М@Па“ - македонски мултимедијален
CD-ROM
За зачетникот на македонското
е-издаваштво е потполно природно да се претстави со еден ваков CD-ROM. Културна
установа „Блесок“ е издавач на првото македонско е-списание „Блесок – литература
и други уметности“ (март 1998), како и на првата македонска е-книга „– Небо“
(декември 1996). Оттогаш наваму, „Блесок“ објави 23 изданија од е-списанието
и 20 книги; 17 од нив во е-формат. Така, „М@Па“ доаѓа како преглед на нашата
досегашна работа.
Овој CD-ROM има за цел пошироко да ја презентира македонската култура, но и
да понуди поле за споредба помеѓу литературите и културите воопшто.
Ви посакувам пријатни мигови со „М@Па“!
Игор Исаковски
Културна установа „Блесок“
Директор и главен уредник
Скопје, Македонија
10 јануари 2002
|